Подварок со месо

Потребни состојки :

1 кисела зелка (до 2 кг)
2 главици кромид
100 мл свинска маст
Пола кило компири
Свинско месо
Свинска сланина
Бибер
Ловоров лист
Магдонос
1 поголем морков

Начин на подготовка:

Исечете ја зелката на ситни парчиња, малку измијајте ја и процедете. Загрејте ја маста, па на неа издинстајте ги ситно исечканиот кромид и зелката. Потоа додадете ги свинското месо што претходно го исековте на парчиња. Пржете се заедно помалку од 30 минути. Издинстаната смеса зачинете ја со бибер по вкус, ловоров лист, магдонос и со сецканиот сварен морков, а потоа сето тоа ставете во земјен сад. Парчињата сланина ставете ги над целиот подварок. Печете на тивко, додека зелката не стане мека, на 200 степени, околу 2 часа.

Scroll to Top