Похован карфиол во рерна

Потребни состојки:

500 гр карфиол
брашно
презла
4 јајца
200 гр кисела павлака
100 мл јогурт
4-5 чешниња лук
масло, сол

Начин на подготовка:

Скинете ги цветовите од карфиолот и малку обарете ги, исцедете ги исушете. Во отворите од цветовите ставете издробен лук и посолете.  Ставете масло и прпелкајте ги во прашно, матено јајце и презла. Тепсијата напачкајте ја со масло и наредете го карфиолот. Во филот додадете уште едно јајце, малку јогурт и павлака. Измешајте па прелијте го карфиолот. Печете на 200 степени, 40-45 минути.

Scroll to Top