Потребни состојки:
3 големи бабури
500 гр мелено месо
1 јајце
сол, бибер по вкус
1 лажица сенф
1 лажица кечап
1 мала главица кромид
250 грама рендан кашкавал
Подготовка:
Исечете ги бабурите на половина, отстранете ги семето и дршките и наредете ги во сад за печење. Исечете го кромидот на ситни резанки, па пропржете го. Кога ќе омекне, додајте го месото. Пред крај додајте ги и сенфот, солта, јајцето, црниот пипер и кечапот. Наполнете ги пиперките. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Пред да се готови, изрендајте кашкавал на секоја пиперка и печете уште неколку минути.