Полнети компири со мелено месо

Потребни состојки:

1 главица кромид
1 морков
500 грама мелено месо
200 грама кечап
зачини по желба
1 килограм компири
100 грама кашкавал

Начин на подготовка:

Компирите убаво измијте ги и пресечете ги на половина. Издлабете им ја внатрешноста за да можете на тоа место да наполните мелено месо и потопете ги во ладна вода. Потоа, во тава со малку масло се ставаат исечканиот кромид и морков и се пропржуваат. Во нив се додава меленото месо и се убаво се промешува. Се додаваат зачините и откако тоа ќе биде готово во него се додава внатрешноста од компирите и се убаво се промешува. На крај се додава и кечапот. Подготвените компири се полнат со добиената смеса и се редат во таваче и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Scroll to Top