Потребни состојки:
2 кг мини гамби
2 литри вода
600 мл прехранбен оцет
2 лажици сол
2 лажици шеќер
1 кг урда
1 китка магдонос
околу 500 мл масло
Начин на подготовка:
Прво подгответе го солилото – сварете ги водата, оцетот, солта и шеќерот и оставете да се излади. Гамбите се мијат и се чистат убаво од дршките и семките. Откако ќе ги исчистите сите, потурете ги со изладеното солило и оставете ги еден ден во солило. Наредниот ден истурете ја течноста и оставете убаво да се исцедат од солилото. Потоа наполнете ги со мешавина од урда и исечкан магдонос. Посолете ја урдата ако има потреба. Полнетите гамби ставајте ги во поголем сад, а откако ќе ги наполните со урдата, една по една внимателно редете ги во теглите со отворот на пиперката свртен кон стаклото на теглата. Нежно притискајте ги една кон друга за да остане што помалку празен простор меѓу нив. Откако ќе ги наполните теглите, долејте масло (по можност маслиново) до врвот и убаво затворете ги. Вака подготвените тегли ставете ги во длабоко тенџере, наполнете го со вода да ги покрие теглите и ставете ги на рингла да зоврие водата. Откако ќе зоврие, нека варат 15-тина минути, исклучете и оставете ги во топлата вода додека не се оладат.