Полнети модри патлиџани

By

Потребни состојки:

3 средно големи модри патлиџани
1/2 кг мелено месо
1 кромид
2-3 домати
зачини по вкус
2-3 чешниња лук

Бешамел

50 гр путер
2 лажици брашно
250 мл млеко
сол и бибер по вкус
100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

Патлиџаните измијте ги и пресечете ги по должина. Малку засечете ги одозгора, полијте ги со малку масло, наредете ги на тава со хартија и потпечете ги во загреана рерна десетина минути. Извадете ги, нека се оладат малку и со лажиче извадете ја средината, да остане само лушпата, но внимавајте да ја задржат формата. На малку масло ставете го ситно исечканиот кромид заедно со лукот, пропржете го, па ставете го месото. Откако ќе го испржите ставете ја средината од патлиџаните претходно исечкана, пропржете уште малку, додајте ги зачините и изренданите домати. Убаво нека издинста, да испари течноста. За бешамелот, на путерот запржете го брашното, ставете го млекото, зачинете по вкус и мешајте сè додека не се згусти. Тргнете го од огнот и ставете го ренданиот кашкавал. Секој патлиџан наполнете го со месо, ставете го во загреана рерна петнаесетина минути, извадете ја тавата и одозгора ставете му од бешамелот. Нека се потпече убаво и послужете.

Ќе ви се допадне