Потребни состојки:
6 до 8 пиперки со средна големина
350 гр урда
2 јајца
сол по потреба
Начин на подготовка:
Пипеките убаво измијте ги и со нож отстранете им ги дршките со семките. Во длабок сад ставете ги јајцата и додајте ја урдата. Измешајте убаво со вилушка за да се изедначи смесата. Урдата и јајцата посолете ги по вкус. Со лажица земете од смесата и наполнете ги пиперките. Наполнетите пиперки наредете ги во намрсена тава за печење. Тавата ставете ја во загреана рерна на 250 степени да се пече 15 минути, додека пиперките од горната страна се запечат. Полнетите печени пиперки послужете ги топли.