Посен колач без масло

Потребни состојки:

3 банани
2 јаболка
4-5 лажици суво грозје, претходнонатопени во вода
1 портокал – ситно рендана кора и сок
10 лажици мелени овесни снегулки
10 лажици бело брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
малку цимет (по вкус)
1 лажичка оцет (јаболкова, винска киселина)
2-3 лажици какако
350 мл вода
4-5 лажици шеќер
2-3 лажици гриз
шеќер во прав за наросување

Постапка:

Во еден сад измешајте ги сувите состојки: 10 лажици мелени овесни снегулки (или овесно брашно), 10 лажици бело брашно, прстофат цимет (по вкус), 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и 3 лажици гриз. Потоа соединете ги влажните состојки: испасирајте 3 големи банани, суво грозје претходно натопено во вода и исцедено, една лажичка оцет, две големи јаболка изрендани и рендана кора од еден портокал. Состојките измешајте ги со лажица да се соединат. Потоа постепено влажните состојки додадете ги во сувите, убаво промешајте и на крај додадете четири лажици шеќер. Мешајте и постепено додавајте вода, во зависност од влажноста на бананите и јаболката. На крај додадете какао во прав и промешајте да се изедначи смесата. Помала тепсија обложете ја со хартија за печење, па излејте ја во неа смесата и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25-30 минути. Наросете го со шеќер во прав и послужете го.

Scroll to Top