Посна мусака

Потребни состојки:

3 компири
2 црвени пиперки
1 кромид
2 моркови
100 грама печурки
1 помал домат
сол
бибер
масло
50 грама ориз
малку црвен пипер
малку магдонос
2-3 ловорови листови

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот на тркалца и пропржете го во масло, потоа исечкајте ги пиперките и морковите на коцки и додајте ги во тавата за пржење, па направете го истото и со печурките и со доматот. На крајот додајте го оризот. Додајте сол, бибер, црвен пипер и ситно сечкан магдонос. Во поголем сад турете малку масло и размачкајте го со четка. Половина од компирите исечкани на кругови ставете ги во садот и ставете им сол и бибер одозгора. На средина ставете ја испржената смеса, наредете ги ловоровите листови и потоа најгоре ставете ги останатите компири. Во садот турете доволно вода за да го потопите оризот. На крајот турете уште малку масло врз горниот ред компири и печете на температура од 200 степеи околу 50-60 минути.

Scroll to Top