Посна пица со зеленчук

Потребни состојки:

1 готово тесто за пица
1/2 кг спанаќ или некој друг вид зеленчук со листови
1 лажичка копар
црни маслинки
1 чешне лук
масло
сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Исчистениот зеленчук обарете го во врела вода и оставете го да се исцеди во цедалка. Од маслинките извадете ги коските и исечете ги. Преполовениот лук пропржете го на масло за да го поприми неговиот мирис. Од маслото извадете го лукот и фрлете го, а додајте ги маслинките, зачините, зеленчукот и сол, промешајте, па сè заедно пржете го на умерена температура десетина минути. На тестото за пица ставете го претходно подготвениот фил од зелје. Пицата печете ја околу 30 минути.

Scroll to Top