Посни обланди со смокви

Потребни состојки:

250 гр шеќер
250 гр мелени смокви
250 гр сечкани ореви
2 листа обланда
150 мл вода

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги шеќерот и водата да вријат околу 3 минути. Во смесата се додаваат смоквите и оревите сечкани по должина. Добро се промешува. Додека е смесата жешка, се премачкува една обланда и врз неа се става другата обланда. Не треба да се притиска со ништо само се остава да се стегне. Се сече на триаголници и се послужува.

Scroll to Top