Потребни состојки:
500 гр брашно
3 јајца
200 мл газирана вода
600 мл млеко
1 лажичка сол
масло
Фил:
400 гр сирење
3 јајца
1 чаша јогурт
сол
кисела павлака за премачкување
Начин на подготовка:
Направете ги палачинките – брашното измешајте го јајцата, додадете сол, газирана вода и малку млеко. Измешајте со миксер убаво за да нема грутчиња. Додадете го преостанатото млеко и промешајте со лажица или со жица за матење. Испржете ги. Додека се прават палачинкитен, подгответе го филот. Сирењето измешајте го со јајцата, додадете јогурт и малку сол ако сирењето не е солено. Јогуртот додавајте го полека за да добиете смеса што може да се мачка, а да не е премногу течна. Со приготвениот фил премачкајте ги палачинките, потоа свиткајте ги една по една и наредете една до друга во намастен плех. Вака наредените палачинки одозгора премачкајте ги со павлака и запечете ги во загреана рерна околу 15-20 минути. Послужете ги топли.