Потпечени пиперки полнети со кашкавал

Потребни состојки:

500 г свежо кравјо сирење
100 г горгонзола или друго сирење
4 големи црвени пиперки
1 јајце
1 лажица зачинал, сол
2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Целите пиперки обарете ги пет минути во вода со малку сол, па веднаш изладете ги со ладна вода. Пресечете ги по должина, исчистете ги од семки и жилички. Со миксер добро изметете го кравјото сирење со јајцето, а потоа додадете ја горгонзолата исечкана на ситни коцки. Зачинете по вкус. Распоредете го сирењето во половинките од пиперките и редете ги во намастен огноотпорен сад. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Пред крајот одозгора можете да наросите рендан кашкавал. Послужете како предјадење или како прилог со главното јадење.

Scroll to Top