Потпечени шпагети со туна

Потребни состојки:

300 гр шпагети
500 мл доматен сос со босилок и оригано
100 гр свежи шампињони
6-8 кисели краставички
1 туна конзерва
100 гр кашкавал
прстофат оригано

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите. Процедете ги и ставете ги во намрсена тава за печење. Загрејте ја рерната на околу 200 степени. Исечкајте ги киселите краставички во вид на тркалца над шпагетите. Распоредете ја туната што сме ја исцедиле од маслото во која стоела. Прелијте со доматен сос и малку промешајте за да се распоредат состојките. Врз нив исечкајте свежи печурки, а потоа изрендајте кашкавал и посипете со оригано. Печете во загреана рерна околу 15 минути. Послужете ги шпагетите кога малку ќе се изладат.

Scroll to Top