Потпечено пилешко со бешамел сос

Потребни состојки:

Еден компир
Сол, бибер, масло
Една главица кромид
Две чешниња лук
Еден морков
500 гр пилешки стек
Малку сланина
Сос од домати
Кашкавал

За бешамел:
500 гр путер
2 лажици брашно
400 мл млеко
Малку мускатно оревче

Начин на подготовка:

Најпрво подгответе го бешамелот. Брашното запржете го на путерот, разредете со млекото и оставете да се вари, додека да се добие доволна густина. Пред крајот зачинете со мускатното оревче. Во огноотпорна тава на дното излејте го сосот од домати. Исецкајте го зеленчукот и пилешкото месо. Ставете ги врз доматната подлога. Одозгора ставете ја исецканата сланина. Прелијте со бешамелот и ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа додадете го кашкавалот и вратете да се потпече уште 10 минути. Послужете го топло.

Scroll to Top