Принцес крофни

Потребни состојки:

Тесто:

300мл. вода
150мл. зејтин
150гр. брашно
4 јајца

Фил:

4 кесички пудинг од ванила
1л. млеко
12 лажици шеќер
200гр. путер на собна температура

Начин на подготовка:

Подгответе го прво филот, бидејќи треба да се излади. Во дел од млекото растворете ги пудинзите. Останатото млеко со шеќерот ставете да зоврие. Додадете ги растворените пудинзи и сварете ги во густ пудинг. Тргнете на страна и оставете да се излади добро. Путерот пенасто изматете го и во него додадете го изладениот пудинг. Изматете добро, за да се спојат убаво состојките и да добиете кремаст фил. За тестото, во тенџере ставете водата и зејтинот да зовријат. Додадете го наеднаш брашното и мешајте со дрвена лажица додека да се собере. Тргнете на страна и оставете потполно да се излади. Вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени. Додадете ги јајцата едно по едно во тестото, притоа матејќи со миксер. Ставете ја смесата во слаткарска кеса на која сте ѝ ставиле модла со широк ѕвездест отвор. Во плех на хартија за печење шприцајте тркалезни форми. Се печат 25 минути, на 200 степени, без при тоа да се отвора рерната. Оставете да се изладат па сечете ги на половина. Филувајте ги со изладениот фил од ванила и одозгора посипете со шеќер во прав.

Scroll to Top