Проја со песто сос, чери-домати и маслинки

Во сад пенесто сматете ги јајцата со рачна маталка.  Потоа, додајте ги јогуртот  и маслиновото масло. Измешајте сè убаво, па во смесата додајте го пченкарното брашно. Потоа, додајте го и песто-сосот (готов)  и измешајте повторно добро. Додајте го прашокот за печиво, па додавајте од белото брашно, сè додека не се направи густа смеса, како за мафини.
Смесата истурете ја во претходно премачкано мало плехче, а врз неа наредете ги сечканите чери-домати и маслинки. Поросете со сусам.
Пројата се пече во претходно загреана рерна, најпрво на 170 степени, 20-тина минути, па потоа уште 8-10 мин на 190 степени.
Оставете да се излади, па послужете ја со чаша јогурт или кисело млеко.

Потребно

3 јајца
200 мл јогурт
50 мл маслиново масло
7 лажици пченкарно брашно
8 лажици бело брашно
1 пакетче прашок за печиво
8 чери-домати, исечени на половина
неколку маслинки без семка, исечени на кругови
3 лажици песто-сос

 

 

 

Scroll to Top