Пржени питулици

Потребни состојки:

1 јајце
200 гр брашно
½ кеса прашок за пециво
малку сол
1,5 дл јогурт
масло

Начин на подготовка:

Се мати јајцето со јогуртот во сад, се става сол и брашно. Се додава прашок за пециво. Во исто време се загрева маслото на тава. Од тестото се вадат топчиња со лажица и се пржат од двете страни. Се вадат и се ставаат на хартија да се впие маснотијата. Се послужуваат топли, со јогурт или сирење.

Scroll to Top