250гр гр свежи равиоли, полнети со сирење( рикота сирење, грана падано сирење,…..)
1/3 страк праз
150гр чадена сланина
1 црвен домат
1/2 лута ситно сецкана пиперка
100гр рендан батат
1/4 лажиче морско оревче
1/4 лажиче бибер
1/2 лажиче сол
Во тава без масло, ги ставаме коцките сланина и пржиме на умерен оган, да пушти маснотија и да зарумени.
Ја тргаме сланината на страна.
Во таа маснотија го пржиме ситно сецканиот праз, додаваме рендан батат, ситно сецкана пиперка, ситно сецкан домат.
Пржиме неколку минути, ја враќаме сланината во тавата и зачинуваме.
Во меѓувреме ги вариме свежите равиоли во малку посолена вода според упатството.
Кога се скоро готови ги ставаме со лажица решетка во веќе подготвениот сос, додаваме две лажици од водата каде се вареа и така се заедно готвиме уште една минута.
Сервираме топло.