Испробајте го ова тирамису готово за пет минути
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120гр шеќер во прав
300гр слатка павлака за шлаг
екстракт од ванила
250гр маскарпоне
пишкоти
чаша турско кафе
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете ги шеќерот во прав, додадете ја павлаката за шлаг и сè заедно изматете.
Во друг сад ставете ги маскарпонето и екстрактот од ванила и добро измешајте.
Мешавината од маскарпоне и ванила додадете ја во шлагот и сè заедно добро изматете.
Пишкотите скршете ги на половина, натопете ги во кафето и ставете ги во чаша.
Во чашата додадете од смесата и изрендајте темно чоколадо.