Рижото со спанаќ и печурки

Потребни состојки:

1 шолја ориз
4 шолји вода
100г печурки
200г спанаќ
1 кромид
павлака
сол
бибер

Начин на подготовка:

Оризот сварете го. Во меѓувреме најпрво запржете го кромидот кој е ситно исечкан, па додадете ги печурките и пржете уште некоја минутка. Додадете го спанаќот и 1/2 шолја вода и варете. Кога водата ќе испари, пропржете уште малку. Зачинете по вкус сос сол и бибер и додадете го сварениот ориз. Измешајте убаво па додадете 1-2 лажици павлака. По вкус можете да го наросите со кашкавал пред да го послужите.

Scroll to Top