Ролат со кафе

Потребни состојки:

250 г мелени бисквити
175 г шеќер во прав
1 рендан ред црно чоколадо
силно сварено црно кафе

За филот

60 г маргарин
75 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Во мелениот бисквит и шеќерот во прав додајте рендано чоколадо. Замесете смеса додавајќи сварено кафе, по потреба. Поделете ја на три дела и секој од нив расукајте го како тесто со дебелина од 4-5 мм. Смесата би требало да ја развлекувате на алуминиумска фолија. Секој од трите дела премачкајте го со тенок слој изматен фил, ставете ги слоевите еден врз друг и завиткајте ги во ролат. Оставете ги да се стегнат.

Scroll to Top