Потребни состојки:
300 грама кокос
300 грама шеќер во прав
1 лажица какао
100 грама чоколадо
200 грама бисквити
300 грама маргарин
1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Најпрвин сомелете ги бисквитите и во нив додадете го претходно растопеното чоколадо. Во посебен сад ставете го маргаринот малку омекнете, а потоа разматете го со миксер додавајќи шеќер во прав и ванилин шеќер. Во таа смеса додадете го кокосот и добро измесете со раце. Потоа во мелените бисквити додајте половина од смесата со кокос и сè добро изработете со раце. На фолија прво ставете го темниот дел и растегнете го, а потоа светлиот дел со кокос, па свиткајте ролат. Оставете добро да се излади и послужете.