Ролат со туна

Потребни состојки:

1 лист обланда
2 конзерви туна
100гр пченка
3 кисели краставички
2 варени моркова
2 лажици пржен сусам
100гр маргарин
сол и бибер

Начин на подготовка:

Обландата се става помеѓу две крпи да омекне. Туната се цеди од маслото, потоа се додава изматен маргарин и се миксира. Се додаваат исечканите кисели краставички, морковот, пченката и пржениот сусам. Сето тоа се соединува и се премачкува целата обланда, а потоа се витка во ролат. Се остава во фрижидер кратко време за да се здрви. На крајот се декорира со сенф или кечап.

Scroll to Top