Ружи од компир и сланина

250 гр сечена чадена сланина
1 кг компир
зачини по желба

Компирите излупете ги и измијте. Сечете ги тенко со ренде за зелка.
Во компирите додајте зачини и убаво промешајте.
Сланината наредете ја на штица во должина околу три големи парчиња, врз сланината редете компир и завиткајте во ружа. Така направете ружи со останатите сланина и компир. Направените ружи наредете ги во калапи за мафини или прицвжрстете ги со чепкалки. Попрскајте ги со зејтин и ставете да се печат во рерна на 250 степени 35 минути.

Scroll to Top