Потребни состојки:
600 гр компири
1 поголема главица кромид
5 лажици маслиново масло
1 конзерва туна
сок од 1 лимон или 3 лажици оцет
малку бибер
сол по вкус
листови магдонос
150 гр мајонез по желба
Начин на подготовка:
Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и згответе ги. Потоа изгмечете ги, додајте сечкан кромид и туната, заедно со маслото од конзервата. Додајте и малку маслиново масло, сол, бибер по вкус и магдонос. Измешајте ги состоијките и послужете ја салатата.