Потребни состојки:
1 салата марула
4 тврдо варени јајца
8 парчиња сланина
300 гр пилешки гради
1 зрело авокадо
120 гр сино сирење или друго по ваш избор
неколку шери домати
1 мала главица црвен кромид
За преливот:
1/3 чашка оцет
1 лажица сенф
2-3 лажици маслиново масло
сол, бибер по вкус
Начин на подготовка:
На маслиново масло препржете го пилешкото. Запржете го месото добро на секоја страна, а потоа во истата тава запржете ја сланината. Исечете или искинете ја салатата и ставете ја во голема чинија. Исечете го зеленчукот, јајцата и месото и додајте ги на неа. Украсете со сирењето и полијте со сосот.