Селско месо по оригинален рецепт

By

Потребни состојки:

1/2 кг мелено месо
1 јајце
3 главици кромид
2 лажици презла
1 кг свинска кртина
2 моркова
2 суви црвени пиперки
300 гр маринирани печурки
1 коцка говедска супа
мелен црн бибер
црвен пипер
1 лажица сенф

Начин на подготовка:

Замесете ги меленото месо (посолено и зачинето по вкус), 1 кромид, презлата и јајцето, па од смесата формирајте ќофтиња со големина на орев. Свинската кртина исечете ја на коцки. Испечете ги ќофтињата и свинската кртина на скара или испржете ги да заруменат. Двата кромида исечкајте ги на ситно и пржете додека да омекнат. Додајте ги сечканите моркови и кога сè е убаво омекнато, додајте ги маринираните печурки и сечканите суви пиперки. Зачинете по вкус и додајте лавров лист и една лажица сенф. Во смесата додадете ги месото и ќофтињата и убаво мешајте. Додајте околу 700 мл вода, ставете една коцка говедска супа и едно лажиче црвен пипер. Оставете нека се динстува 15-ина минути, па префрлете во земјена тава. Печете на 200 степени околу два часа.

Ќе ви се допадне