СОСТОЈКИ
300 грама исечкана сланина
1 пакетче шпагети
200 милилитри слатка павлака
3 јајца
150g пармезан
1 супена лажичка магдонос
150g пармезан исечкан лук (по вкус)
црн пипер масло сол
Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата.
ПОДГОТОВКА
- Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло.
- Кога сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Откако ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја).
- Кон смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути.
- Зачинете со магдонос и црн пипер.
- Можете да ги ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот низ нив или да ги ставите во чинија прво шпагетите, а потоа да ги прелиете со сос.
- Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос.