Шпанска пита по оригинален рецепт

Потребни состојки:

4 јајца
400 мл јогурт
300 гр брашно
1/3 лажичка сол
1/2 прашок за печиво
150 гр сечкана шунка
150 гр рендан кашкавал
100 мл масло
неколку кисели краставички
малку мајчина душица

Начин на подготовка:

Исечкајте ги шунката и краставичките на коцки. Кашкавалот изрендајте го ситно. Измешајте ги јогуртот и јајца, додајте брашно, сол, прашок за печиво, измешајте за тестото да биде мазно без грутки. Потоа додајте масло, па шунка, краставички и кашкавал, и на крајот мајчината душица. Изедначете ја смесата, па префрлете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 30-40 минути.

Scroll to Top