Штангли од костени

Потребни состојки

– За основата:

750 гр пире од костени
100 гр шеќер во прав
15 мл рум
125 гр маргарин
– За глазурата:

100 гр чоколадо
10 гр маргарин
30 мл вода
20 цели половинки орев
Подготовка:

Изматете го добро маргаринот, додадете ги пирето од костени, шеќерот во прав и румот. Смесата добро изматете ја и распоредете ја во тавче така што истата ќе има дебелина од еден сантиметар.

Растопете го чоколадото со маргаринот и водата. Прелијте ја добиената глазура преку смесата од костени и наредете ги половинките од орев. Добиениот десерт ставете го да се излади, исечете го на штангли и сервирајте го.

Scroll to Top