Штрудла со јаболка

Потребно:

500 гр кори за баклава и пита
За фил од јаболка
1,2 кг рендани јаболка
150-200 гр шеќер
малку сок и кора од лимон
1 ванила
по вкус цимет
200 гр мелени ореви
100 гр суво грозје
5 лажици гриз
За премачкување на корите
300 мл топла вода
150 мл масло
1 пресен квасец
1 лажиче шеќер
5 лажици брашно
Уште е потребно
по потреба шеќер во прав за наросување

Подготовка:

За филот се рендаат јаболката, се попрскуваат со лимонов сок, им се додаваат сите состојки, убаво се меша.

Во топлата вода се активира квасецот со шеќерот и брашното и потоа се додава маслото. Се промешува.

Секоја кора се премачкува од преливот. Се става една кора, се премачкува, се става втора кора се премачкува. На почетокот се става од филот, се рола.

Се реди во плех обложен со намрсена хартија.

Одозгора се премачкува со преливот, но не претерано, да не се распаднат многу корите.

Се пече во загреана рерна на 180 околу 40-45 мин..

Топла се наросува до шеќер во прав.




		
		
			
Scroll to Top