Потребни состојки:
600 г брашно
100 г шеќер
100 г маргарин или маст/путер
300 мл млеко
2 жолчки
1 сув квасец (7 г)
1 прстофат сол
1 лимон – рендана кора
За фил:
500 г мелен мак или ореви
150-200 мл млеко по потреба
150 г шеќер во прав
2 ванилин шеќер
1 лимон – рендана кора
Начин на подготовка:
Брашното просејте го. Квасецот ставете го со малку шеќер во шолја со топло млеко, промешајте и оставете да се активира и запени. Шеќерот, путерот, жолчките и лимоновата кора измешајте ги со брашното, па додадете го активираниот квасец, па замесете со топлото млеко. Кога добро ќе биде замесено, тестото поделете го на 4 топки или на 2 поголеми. Од секоја топка развлечете кора со оклагија, во правоаголен облик, колку можете потенко, зошто колку повеќе слоеви има, толку ќе биде поубава. Филувајте со мак или со ореви, по ваш избор.