Штрудла со вишни

За подготовка на овој рецепт најдобро е вишните помешани со шекерот да се стават во цедалка и да стојат преку ноќ за убаво да се ицедат, но може и 1 час да отстојат, па со лажица внимателно да се исцедат за да нема од сокот.

Во млако млеко ставете го квасецот шекерот и неколку лажици брашно, промешајте и оставете да стои 15 минути за да нарасне.

Во квасецот додадете го омекнатиот путер, јајцето, солта и половина од брашното и замесете со рака постепено додавајки брашно за да се добие мазно средно тврдо тесто.

Тестото оставете го да нарасне 1 час а потоа направете 4 топки, од секоја топка развлечете кора на набрашнета маса и ставете од исцедените вишни, завиткајте ролат, а потоа секој ролат премачкајте го со изматено јајце и оставете 20 минути повторно да нарасне.

Печете на 200 степени 20 минути, а потоа уште 20 мин на 170 степени покриени со фолија за да не изгорат.

Scroll to Top