Потребни состојки:
470мл. слатка павлака
1 конзерва (400гр.) засладено кондензирано млеко
150гр исечкани јагоди
Начин на подготовка:
Во сад матете ја слатката павлака додека не добиете кремаста смеса. Додадете го кондензираното млеко и повторно кратко матете за да ја соедините смесата. Додадете ги исечканите јагоди, па замрзнете ја смесата.