Направте го дома сами. Лесно и едноставно!
Потребно:
1 банана
2 праски
2 лажици сок од лимон
1 лажица вода
1 пакетче ванилин шеќер
2 лажици кисела павлака
100 мл засладено кондензирано млеко
100 мл слатка павлака
Подготовка:
Од вечер ставете ги овошјата во замрзнувач да замрзнат, претходно исечкани.
Другиот ден ставете ги во блендер сите наведени состојки, освен слатката павлака. Миксирајте додека не се стори еднолична каша.
Потоа додајте ја слатката павлака и оставете да миксира 3-4 минути, да се поткрени нивото на содржината. Или, уште подобро е, да ја изматите посебно и потоа со миксерот се заедно да споите.
Содржината се истура во пластична кутија со капак и се остава во фрижидер најмалку 4 часа пред да се послужи.