Слатко од зрели смокви

Потребни состојки:

1 кг шеќер
1 кг смокви
200-300 мл вода
1 лимон

Начин на подготовка:

Смоквите се лупат и се ставаат во вода. За тоа време зовривате еден килограм шеќер со чаша вода додека да се растопи шеќерот. Кога шербетот е готов, се мијат и цедат смоквите, па се ставаат во шербетот, се додаваат околу 300мл вода и се варат околу 30 минути, додека сирупот да се згусне. За време на варењето тргајте ја пената. Пред крајот се додав еден лимонтус или сок од лимон. Врелото слатко се става во врели чисти тегли и се затвора.

Scroll to Top