Сочни чоколадни мафини

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 40 гр какао
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 140 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 200 гр павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 140 гр парчиња чоколада

Подготовка: Подгответе калап за 12 мафини, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Добро изматете ги јајцата со шеќерот дoдека не се растопи целиот шеќер, па додадете го маслото, павлаката и постојано мешајте. Додадете брашно помешано со какао, прашок за пециво, ванилин шеќер и сода, па измешајте со миксер убаво да се соедини. Исклучете го миксерот, додадете ги парчињата чоколада и нежно измешајте со лажица. Истурете го тестото во калапи за мафини обложени со хартиени корпи. Печете ги мафините околу 25 минути.

Scroll to Top