Солен куглоф со маслинки

Потребни состојки:

1 коцка свеж квасец
1 лажиче шеќер
50 мл топла вода
300 г брашно
1 лажиче сол
3 лажици сечкани маслинки
100 мл минерална вода
1/4 лажиче сув магдонос
1/4 лажиче оригано
2 лажици масло
малку растопен маргарин (за премачување на калапот и за одозгора)

Начин на подготовка:

Ставете го квасецот во млаката вода со шеќерот и само измешајте го да се раствори. Потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Замесете го тестото, па префрлете го тестото во калапот претходно намрсен со маргарин. Убаво распоредете го, одозгора нанесете растопен маргарин и оставете го на топло за да нарасне. Печете го на 180 степени половина час. Извадете го и покријте го со крпа, па по 10-на минути извадете го од калапот. Послужете го кога ќе се олади.

Scroll to Top