Солен ролат од палачинки

Потребни состојки:

За палачинките:

 2 јајца
200 г пченкарно брашно
1/2 лажиче шеќер
50 мл млеко
250 мл вода
прстофат сол
масло

За филот:

250 г крем-сирење
250 г шунка
250 г овчо сирење
100 мл кечап
оригано

Начин на подготовка:

Подгответе ги палачинките и испржете ги во поголемо тавче. Палачинките треба да се подебели. На работната  маса ставете поголемо парче фолија и преку неа распоредете ги палачинките една до друга, така што на краевите ќе се преклопуваат. Подлогата од палачинки се премачкува со крем-сирење и се израмнува со шпакла. Се посипуваат со изренданата шунка, овчото сирење и ориганото, па се попрскуваат со малку кечап. Ролатот цврсто се мота и се витка во фолијата, па се остава во фрижидер да се стегне. Утреденте се сече на парчиња и се послужува.

Scroll to Top