Солена торта со фил од павлака

10 лажици брашно
6 јајца
1 лажиче сол
6 лажици вода
3 лажици масло
1 кесичка прашок за пециво
Фил
150 гр фета сирење
200 гр павлака
200 гр салама по ваша желба
неколку лажици павлака
1- 2 јајца варени
За декорација
магдонос или по желба

Најпрво во еден сад ги ставаме јајцата и започнуваме со матење. Потоа постепено ги додаваме брашното, во кое претходно го имаме измешано прашокот за пециво, па маслото, водата и солта. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса, потоа го додаваме зеленчукот, може да ставите тоа што вие сакате, но еве предлог, рендани моркови, магдонос и малку кисели краставички. Продолжуваме да мешаме со лажица и вака добиената смеса ја ставаме во плех кој е обложен со хартија за печење и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Откако е готова тортата, ја оставаме да се олади и ја сечеме на три еднакви дела.

Филот го подготвуваме на следниот начин ( за него ни требаат 150 гр фета сирење, 200 гр павлака, и салама ) – ги мешаме сирењето, павлаката и додаваме рендана салама. Започнуваме со филување, ставаме една кора, па ставаме од филот, па наредна кора и на неа ставаме од филот. На крај ја ставаме последната кора. Најгоре премачкуваме со павлака и рендаме претходно сварено јајце. Декорацијата ја завршуваме со магдонос.

 

Scroll to Top