Потребни состојки:
450 грама брашно
2 јајца
1,5 лажички сол
1 лажица шеќер
300 милилитри млеко
300 милилитри вода
1 лажица сув квасец
300 милилитри млеко
300 милилитри вода
1 црвена пиперка
1 кромид
1 домат
2 праз
магдонос
1 компир
пченка во зрното
масло
Начин на подготовка:
Јајцата се матат убаво и се додаваат со шеќерот, квасецот, млекото и водата, а кога ќе се изедначат постепено и со постојано мешање се додава брашното. Потоа покријте го тестото и оставете го на страна. Ситно исечкајте ги кромидот, празот, пиперката, доматот, магдоносот, а компирот изрендајте го. Потоа оваа смеса додајте ја во тестото и сè убаво измешајте. На крајот додадете ја пченката. Солените палачинките пржете ги како обични палачинки, додека да зацрвенат од двете страни.