Сос за тестенини по рецепт на Џејми Оливер

Потребни состојки:

1 конзерва пелати (400 грама)
1 кесичка тестенини по желба
1 шака смрзнат грашок или од конзерва
1 лута пиперка
2 чешниња бел лук
шака свеж босилок
маслиново масло
сол и бибер по желба
пармезан

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините. Додека се варат, на малку маслиново масло издинстајте ги лукот и лутата пиперка. Во тавата ставете ги пелатите од конзерва, па испааирајте ги со вилушка. Во смесата додајте шака грашок и сол и бибер по вкус. Содека сосот е топол, ставете ги тстенините со малку од водата во којашто се вареле. Измешајте ги и оставете ги на оган околу една минута. Послужете ги со ливчиња свеж босилок и рендан пармезан.

Scroll to Top