Стапчиња со ајвар и сирење

Потребни состојки:

за тестото:

100 мл млеко
250 г путер
700 г брашно
1 кесичка сув квасец
100 гр кисела павлака
1 јајце
2-3 лажичиња сол

за филот:

ајвар
бело сирење

за премачкување:

1 јајце
семки по желба: сусам, ким, афион, …

Начин на подготовка:

Во еден сад на рингла ставете ги млекото и путерот и оставете додека да се растопи путерот. Во друг сад измешајте ги останатите состојки и додадете го млакото млеко. Замесете тесто. Со сукало раширете го тестото на набрашнета работна површина со дебелина од најмногу 1 см и со правоаголен облик. Половина од тестото премачкајте го со дебел слој од ајварот и одозгора изрендајте од сирењето. Втората половина од тестото преклопете ја над ајварот и притиснете за да се спои. Тестото прво исечете го на пола и потоа сечете ленти со широчина 1-2 см. Секоја лента завиткајте ја како спирала и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со изматено јајце и посипете со семки по желба. Оставете ги да стојат 10-15 минути. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 20-30 минути, односно додека да поруменат.

Scroll to Top