Рецепт за туршија
Состојки: 5 килограми зеленчук за туршија (краставички, пиперки, моркови, зелен домат, карфиол, ситен кромид)
5 литри вода, 1 литар оцет, 13 супени лажици шеќер , 5 супени лажици сол, кесичка винобран, зачини: бибер во зрно, мирудија, рен…
Приготвување: Добро измијте го зеленчукот, па исчистете го. Потоа, продупчете ги пиперките за да влезе вода во нив. Исчистете го морковот, кромидот и доматите. Потоа ставете го зеленчукот во буре и ставете вода во која сте додале оцет, сол, шеќер и винобран.
Сето тоа добро измешајте го, па притиснете го зеленчукот за да биде што подлабоко во водата. Зеленчукот можете да го додавате и постепено во водата, но може да додавате и вода (со оцет и зачини).
Чувајте го бурето на суво и ладно место, далеку од сонце.