Тава со компири

Компирот е омилено јадења на многумина, а овој рецепт е осебен и се прави на брз и лесен начин.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 кромид
  • 4 варени јајца
  • 1 јајце
  • 1 мала шолја кисела павлака
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Се лупи компирот и се вари во солена вода заедно со јајцата. Компирот се лупи и се сече на подебели кругови, а кромидот на помали кругови. Се става масло на сад за печење, па се додава кромид, компир, сечени варени јајца, и така додека има смеса. На крај  се става мешавината од јајце матено со павлака и зачини. Се пече на загреана рерна на 200 степени додека не добие убава боја и кора.

Scroll to Top