Потребни состојки:
Тесто
500гр брашно
2 лажици масло
околу 300мл млака вода
малку свеж квасец (со големина на зрно лешник)
Фил
500гр спанаќ
250гр урда/сирење
сол, бибер
масло по потреба
Начин на подготовка:
Прво во вангла го ставаме просеаното брашно, па додаваме млака вода, во која го ставаме парчето квасец и додаваме масло. Го замесуваме тесто, кое не смее да е претврдо ниту многу меко. Убаво го изработуваме и го делиме на 6 топчиња. Секое топче го расукуваме во мала кора. Од двете страни корите ги премачкуваме со масло, па ги редиме на послужавник. Ги покриваме со проѕирна фолија и ги оставаме 30 минути. За тоа време го подготвуваме филот. На загреано масло го пржиме ситно исечканиот спанаќ додека цела вода да испари. Тргаме од оган, па додаваме сол, бибер по вкус и урдата. Убаво промешуваме. Ја земаме првата кора и ја растегнуваме убаво од сите страни. Ја ставаме на чаршав на работната површина и уште ја тегнеме за да стане скоро проѕирна. Врз кората распрскуваме малку масло, па нанесуваме од филот. Го креваме чаршафот и почнуваме да ја виткаме кората, како ролат да се витка самата. Кората потоа ја ставаме или во тава, како вртена пита или од секоја кора правиме форма на баничка. Питата одозгора ја попрскуваме со масло. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу половина час.