Потребни состојки:
400 гр тестенини
1 парче брокула
160 гр туна од конзерва
2 чешниња лук
50 гр рендано сирење
3 лажички маслиново масло
2 лажички сок од лимон
сол
бибер
Начин на подготовка:
Измијте ја брокулата, раздвојте ја на цветови и варете на пареа (околу 7-8 минути). Исцедете ја туната, а лукот исечкајте го. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Во тава додадете маслиново масло и сечканиот лук, па додадете ја варената брокула, посолете и ставете бибер по вкус, па залијте со лимонов сок. Додадете ја исцедената туна и убаво измешајте за да се спојат состојките. Сварените тестенини исцедете ги и спојте ги со брокулата и туната. Послужете ги топли.