Тестенини со печурки и пилешко

Потребни состојки:

600 гр пилешко бело месо
200 гр шампињони
100 мл масло
200 мл павлака за готвење
1 лажица зачин
сол
бибер
2 лажици пармезан
магдонос
1/2 лажица брашно
100 мл вода

Начин на подготовка:

Месото исечкајте го на коцки и зачинете го. Загрејте масло во тава, па пропржете го месото 15 минути. Исечкајте ги шампињоните. Кога месото ќе биде готово извадете го од садот, а во истото маслото пропржете ги шампињоните. Кога ќе бидат готови, во тавата вратете го месото, ставете павлака и вода, бибер и магдонос. Кога ќе зоврие смесата, разматете брашно во малку вода и додајте го во сосот. Ринглата исклучете ја, но тавата оставете ја уште малку на врелата рингла да крчка. Кога крчкањето ќе се смири, додајте пармезан и повторно измешајте.

Додека тоа се готви, сварете ги тестенините и послужете ги со јадењето.

 

Scroll to Top