6 мали тиквички
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук ситно исечкано
Сол и бибер по потреба
1 шолја сос од домати
1 ½ шолја изрендана моцарела
1/3 шолја изрендан пармезан
Кобасица по желба исечкана на кругчиња
2 лажици свежо оригано исечкано
Начинот на подготовка е следен:
Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете хартија за печење на тавче. Тиквичките пресечете ги на половина по должина. Во еден сад измешајте го маслиновото масло со лукот и потоа со четка поминете лесно на горната страна на сите тиквички. Посолете и ставете црн пипер по желба. Потоа додадете малку сос од домати. Врз него рамномерно наредете ја моцарелата и потоа и пармезанот. На врвот наредете ги кругчињата кобасица и печете ги во загреана рерна од 12 до 18 минути. Извадете ги зависно од тоа какви сакате да бидат, меки или крцкави.
Кога ќе ги извадите посипете ги со свежо насечкано оригано и служете ги топли.